Линкови за пристапност

Буш: Најдобар пат за мир на Блискиот исток е мапата кон мирот - 2003-12-02


Портпаролот на Белата куќа Скот Меклилан вели дека претседателот Буш и натаму верува дека мапата кон мирот е најдобар пат за мир.

Тој кажа дека господинот Буш верува оти разговорите со поединци или ентитети може да бидат корисни. Тој исто така индицираше дека разговорите за неофицијалниот мировен план ќе се одржат во Стејт Департментот и покрај противењето на Израел.

Но тој јасно стави на знаење дека претседателот нема да биде поколебан во поддршката за мапата кон мирот, велејќи дека тоа е единствениот начин да се постигне целта за две држави, израелска и палестинска, што ќе постојат една крај друга во мир и безбедност.

Во разговорот со новинарите кои патуваат со претседателот на неговата кампања во Питсбург, во државата Пенсилванија, господинот Меклилан додаде дека господинот Буш му се јавил на египетскиот претседател Хосни Мубарак пред да замине од Белата куќа. Тој кажа дека тие разговарале за контактите меѓу владата на Израел и палестинскиот кабинет, како и за ситуацијата во Ирак.

XS
SM
MD
LG