Линкови за пристапност

Кина против тајванските политичари кои се за независност на островот - 2003-12-02


Кина ги напаѓа тајванските политичари кои се залагаат за независност на островот, потег што многумина велат дека е најголема закана по мирот и стабилноста во регионот.

Забелешките на портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лу Џианчао беа најостри откако тајванскиот парламент минатата недела донесе нов закон со кој претседателот се овластува да распише референдум за независност.

Г-динот Лу вели дека разговорите за независнот од страна на некои тајвански политичари се опасни и дека Кина на нив гледа како на најголема закана по мирот и стабилноста во регионот.

Според новиот закон, тајванскиот претседател може да повика на референдум за независност доколку островот се најде под закана од Кина. Во поголемиот број други случаи, парламентот може да блокира распишување на референдум.

Островот не е под контролата на Пекинг уште од крајот на граѓанската војна во 1949-та година, кога кинеските националисти пребегаа во Тајван за да го избегнат комунистичкиот режим на главното копно. Но Кина, Тајван го смета како дел од своја територија.

Кина отсекогаш се заканувала дека ќе изврши инвазија на Тајван доколку островот прогласи независност. Неодамна, Пекинг ги зајакна предупредувањата, велејќи дека постапките на тајванското раководство, како што се референдум за независност или усвојување на нов Устав, можно е да предизвикаат војна.

Кинеските остри забелешки денеска се упатени на тајванскиот претседател Чен Шуи-бјан, кои минатата недела започна да врши притисок за референдум кој би се одржал на 20-ти март наредната година.

Некои ги отфрлат акциите на г-динот Чен, а кинеската реакција ја нарекуваат празна закана, сепак, најновата ситуација предизвикува загриженост во Вашингтон.

САД вчера од Тајван побараа да не бара промена на својот статус, а Кина ги повика САД, кои се најголемиот снабдувач со оружје на островот, да работат на зачувување на тајванската стабилност.

Кинеските претставници велат дека Тајван ќе биде високо на агендата кога кинескиот премиер Вен Џиабао кон крајот на месецов ќе престојува во Вашингтон.

XS
SM
MD
LG