Линкови за пристапност

ОН: Засилени обиди на Ал Каида за набавка на оружје за масовно уништување - 2003-12-02


Набљудувачите на ОН велат дека Ал Каида ги засилува обидите за набавка на оружје за масовно уништување. Тие имаат црни предвидувања за напорите за растурање на терористичката мрежа.

TEXT: Во извештајот објавен од Комитетот на ОН за санкции против Ал Каида се вели дека расте ризикот од можноста ова група да набави и да употреби оружје за масовно уништување. Единствено нешто што е пречка во тоа е немањето техничка стручност.

Експертите на ОН кои го напишале извештајот истакнуваат дека Ирак, со кој раководат окупационите сили под американско раководство, е плодна почва за мрежата Ал Каида. Претседавачот на Комитетот за санкции, чилеанскиот амбасадор Хералдо Муњоз вели дека организацијата брзо го проширува своето членство низ светот, со што санкциите ги прави навидум неспроведливи, посебно во југоисточна Азија.

„Тие имаат способност за заобиколување на санкциите што ги наметнавме, и ние сме загрижени за проширеноста на Ал Каида не само во Азија туку и на други сцени и во таа смисла таа стана навистина глобална терористичка организација“, рече тој.

Во извештајот на експертите на ОН се наведува дека една од најтешките работи со кои се соочува е запирањето на донациите од хуманитарните организации да се најдат во џебовите на терористите. Во документот се наведуваат две органзиации- Меѓународната исламска хуманитарна организација и Хуманитарната фондација Ал Харамаин, кои биле користени за финансирање на операциите на Ал Каида.

Амбасадорот Муњоз изрази разочарување поради тоа што помалку од половина од 191-земја членка на ОН соработуваат во напорите за следење на активностите на Ал Каида. Неделава, тој ја предводи делегацијата во Саудиска Арабија и Пакистан во обид за поттикнување на поголема поддршка за политиката на санкции.

XS
SM
MD
LG