На главниот настан во земјата посветен на Светскиот ден за борба против ХИВ вирусот СИДА-та во Бломфонтејн, министерот за здравство Манто Тшбала Мсиманг им се обрати на Јужноафрикаците дека треба да се обединат за да им помогнат на луѓето во нивното опкружување кои се заболени од СИДА-тема на која е посветена овогодишната национална кампања за борба против оваа болест.
Како што се приближува Светскиот ден против СИДА-та, да се обединиме и да направиме промена. Можете да формирате кругови на поддршка и да им помагате на оние на кои помошта им е неопходна. Себе си и на најблиските ќе си помогнете ако се тестирате.
Меѓу главните ангажирани во оваа кампања е поранешниот претседател Нелсон Мандела, кој неделава во Кејп Таун ги собра меѓународните и локалните музички ѕвезди како Боно, Квин и Џони Клег за започнување на неговата глобална иницијатива за помош на заболените.
Кампањата уште позната како 4-6-6-6-4, според затвореничкиот број на г-динот Мандела, бара од секој човек да издвои една минута од својот живот за борба против СИДА-та.
Во инспиративното обраќање на концертот приреден за означување на почетокот на кампањата, г-динот Мандела на публиката и порача dека ХИВ вирусот и СИДА-та се повеќе од здравствен проблем.
46664 е кампања со витално значење за помош за борба против трагедијата од непроценливи размери која одзема повеќе животи од сите војни, пожари и поплави заедно. СИДА-та веќе не е само болест, таа е прашање на правата на човекот, кажа господинот Мандела.
Пред концертот претседателот Табо Мбеки, кој во минатото го постави прашањето за причинската врска меѓу ХИВ и СИДА-та, му честитеше на г-динот Мандела за неговата иницијатива и рече дека Јужна Африка сега е обединета во својата одлучност за борба против боласта.