Линкови за пристапност

Најнови вести, 1 декември - 2003-12-01


Ирак

Претставници на американската армија во Ирак соопштија дека американските трупи вчера убиле 54 Ирчани во жестока битка северно од Багдад. Американските трупи кои патувале низ градот Самара во два конвои биле изложени на повеќекратни напади по што уследила една од најкрвавите битки по завршувањето на поголемите борбени дејства во Ирак пред седум месеци. Американските претставници соопштија дека петмина американски војници и 18 бунтовници биле ранети, а осуммина герилци биле заробени. Некои Ирачани тврдат дека голем дел од убиените биле цивили. Американски претставници изјавија дека конвоите носеле пари во две ирачки банки кога биле нападнати од повеќе страни со лесно оружје, артилерија и гранати.

ОБСЕ – конференција

Холандскиот министер за надворешни работи Јап де Хоп Шефер изјави дека ОБСЕ мора да биде поодлучна во одгвоорот на тероризмот, но не по ценат на основните човекови права. Г-динот де Хоп Шефер денеска во Мастрихт, Холандија го отвори состанокот на ОБСЕ, на кој ќе стане збор за тероризмот, безбедноста, организираниот криминал и други регионални прашања. На состанокот учестваат и вршителот на должноста претседател на Грузија Нино Бурџанадзе и рускиот министер за надворешни работи Игор Иванов. Г-ѓа Бурџанадзе и г-динот Иванов во Мастрихт разговараа за политичката ситуација во Грузија.

Нов мировен договор

Поранешниот американси претседател Џими Картер и други светски познати личности се наоѓаат во Женева на потпишување на неофицијален мировен план за Блискиот исток. Поранешни израелски и палестински министри во тајност две години работеа на составувањето на нацрт-панот наречен Женевски договор. Во него се бара повлекување на Израел од најголем дел од Западниот брег и појасот Газа, создавање на палестинска држава и поделба на контролата врз Ерусалим. Со договорот се бара да се гарантира правото палестинските бегалци да се вратат на израелска територија. Израел вели дека оние кои преговарале за овој фоговор не се надлежни за тоа. Во меѓувреме, главниот американски пратеник за Блискиот исток, Вилијам Брнс ги продолжува официјалните мировни напори во регионот

Израел - Палестинци

Израелските војници убиле тројца вооржени Палестинци е едно деветгодишно момче за време на упадите во текот на ноќта во потрага по осомничени милитанти на Западниот брег. Претставници на израелската армија соопштија дека вооружените лица утрово отвориле оган кон израелските војници, кој поддржани со воени восила извршувале претрес во куќите во Рамалах. Палестински извори велат дека момчето било убиено кога израелските војници пукале кон група луѓе кои фрлале камења врз нив во местото Ел Бирех во близина на Рамалах. Израелската армија соопшти дека во тек е истрага за инцидентот.

Северна Кореја – нуклеарна програма

Северна Кореја повторно соопшти дека нема да се откаже од својата нуклеарна програма доколку не добие безбедносни гаранции од САД. Во денешниот коментар во весникот на владејачката Работничка партија, Родонг Синмун се вели дека за да дојде до брзо и јасно ставање крај на нуклеарната криза од обете страни потребна е симултана акција. Во предлогот за запирање на нуклеарната криза на Корејскиот полуостров, во коментарот се наведува дека САД мора да ја променат она што Пјонгјанг го нарекува непријателска политика на Вашингтон кон Северна Кореја. Од своја страна, Северна Кореја би се откажала од нуклерната програма и двете земји би воспоставиле дипломатски односи.

Светски ден против СИДА

ОН обелоденија нов план за распределба на лекови за лекување на СИДА-та до 3 милини лица во светот до 2005 година. Генералниот директор на Светската здравствена организација д-р Јонг вук Ли ова го објави денеска по повод одбележувањето на Светскиот ден за борба против СИДА-та. Тој рече дека животите на милиони луѓе се во опасност поради недоволните напори за третман на заболените со ХИВ вирус и СИДА. Он проценуваат дека околу 40 милиони луѓе во светот се заболени со ХИВ или Сида. Годинава од СИДА во светот починале 3 милиони луѓе.

XS
SM
MD
LG