Линкови за пристапност

САД  против нова европска конкуренција на НАТО - 2003-12-01


Секретарот Рамсфелд по пристигнувањето во Брисел на новинарите им изјави дека НАТО има исклучителна улога придонесувајќи за светскиот мир.

Неговата изјава уследи по одлуката на министрите за надворешни работи на ЕУ да го поддржат предлогот за армиските планови на ЕУ и командната група, стационирана во воениот штаб на НАТО во Белгија.

Вашингтон е загрижен дека со ваквиот аранжман непотребно ќе се дуплираат ресурсите и ќе се создаде ентитет спротивставен на НАТО.

Господинот Рамсфелд кажа дека нема потреба за никаква група што ќе му конкурира на НАТО.

“Секако сметам дека НАТО има одлични резултати во поголем дел од мојот живот со придонес во одбраната и за помирен свет. Оттаму, би рекол дека се што ја става во ризик оваа институција, би требало да имате многи добра причина тоа да го посакувате. Мислам дека нема причина за нешто друго наспроти НАТО“, изјави американскиот секретар за одбрана.

Секретарот Рамсфелд се наоѓа во Брисел на средба со министрите за одбрана на Алијансата и се очекуваат разговори за актуелните распоредувања, како во Авганистан и Босна.

Господинот Рамсфелд вели дека ги поддржува напорите на НАТО во Авганистан за проширување на Меѓународните сили во подрачја надвор надвор од главниот град Кабул.

“Првата задача за НАТО беше да истапи и да се согласи да ја преземе првата одговорност надвор од областа под закана за НАТО и тие го сторија тоа преземејќи го ИСАФ. За да се стори тоа, требаше да се добие ангажман на разни капацитети. Колку што разбрав, минатата недела тие капацитети се ангажирани“, кажа господинот Рамсфелд.

Министрите за одбрана на НАТО исто така се очекува да разговараат за намалување на мировните сили во Босна.

Господинот Рамсфелд индицираше дека безбедносната ситуација таму напредува.

“Се повеќе луѓе сметаат дека ситуацијата во Босна е таква што нивото на трупите и натаму може да се намалува, и дека тоа се одвива, дека на некој начин напредува, дека се помалку е воен предизвик, а се повеќе станува полициски предизвик“, смета секретарот Рамсфелд.

Во текот на министерската средба НАТО ќе презентира нов батаљон кој е наменет за одговор и одбрана од оружје за масовно уништување.

Алијансата вели дека баталјонот е значаен дел на трансформацијата на НАТО за да одговори на новите безбедносни предизвици во 21 век.

XS
SM
MD
LG