Линкови за пристапност

Претседателот Буш вчера допатува во ненадејна посета на американските трупи во Ирак за да го прослави Денот на благодарноста - 2003-11-27


Авионот на претседателот, на меѓународниот аердором во Багдад пристигна ноќе под исклучително силно обезбедување и тајност, за вечера на г-динот Буш со американските трупи, на кои им било кажано дека гостин ќе им биде американскиот администратор за Ирак Пол Бремер.

Тајната посета започна со заминувањето на претседателот од ранчот во Тексас во средата попладне, и со попатно застанување во Вашингтон каде му се приклучија и други претставници на администрацијата.

Претседателот Буш помина два и пол часа на ирачка територија, на традиционалната вечера по повод Денот на благодарноста, заедно со американскиот администратор Пол Бремер и командантот на коалиционините сили генерла потполковникот Рикардо Санчез.

Претставници на Белата куќа на новинарите кои го покриваа викендот на претседателот на неговиот ранч во Тексас им кажаа дека г-динот и г-ѓа Буш ќе имаат традиционална вечера за Денот на благодарноста заедно со двете ќерки и неговите родители, поранешниот претседател Џорџ Буш и поранешната прва дама, Барбара Буш.

Ова е прво патување во Ирак на еден американски претседател и неговата тајност се должи на загриженоста за безбедноста на г-динот Буш во време на вооружен отпор против коалиционите сили во земјата.

Во претходно објавената писмена порака на претседателот по повод Денот на благодарноста тој им оддаде признание на припадниците на американската армија, истакнувајќи дека тие ја продолжуваат благородната традиција на жртвување за заштита на американските слободи и одбрана на мирот во светот.

XS
SM
MD
LG