Линкови за пристапност

Пораст на американската економија - 2003-11-26


Претседателот Буш вели дека серијата даночни намалувања помагаат во оживувањето на економијата за која вели дека станува посилна по рецесијата која особено се влоши по терористичките напади во 2001 година и по корпоративните сметководствени скандали.

“Продуктивноста е висока. Бизнис-инвестициите растат. Базата за отворање работни места се проширува. Намалувањето на даноците што го усвоивме носи резултати“, кажа претседателот Буш.

Осумте запирка два проценти стапка на растеж од јули до септември е значително повисоко од претходните проекции и повеќе од двојно зголемување во однос на трите запирка три проценти растеж во вториот квартал. Тоа е најбрзата стапка на растеж во речиси 20 години.

На кампања во западната американска држава Невада, Претседателот Буш кажа дека ќе продолжи да се фокусира на стратегија за натамошен растеж за да им помогне на луѓето да најдат работа.

Демократите кои се надеваат дека ќе го предизвикаат претседателот во изборите наредната година последниот економски растеж го портретираат како опоравување со безработица бидејќи создавањето нови работни места заостанува зад општиот развој. Претставници на Белата Куќа велат дека нивото на вработеност треба да расте заедно со растежот на економијата.

Еден приватен извештај за тоа како Американците реагираат на новините покажува највисок индекс на потрошувачка доверба во Октомври од целата година, бидејќи луѓето биле охрабрени од постепеното подобрување на пазарот на работни места.

Економијата и војната во Ирак се очекува да бидат централни прашања во изборната кампања следната година.

XS
SM
MD
LG