Линкови за пристапност

САД го казнуваат Израел - 2003-11-26


Задржувањето на парите е мал дел од кредитните гаранции за Израел на администрацијата на Буш, во вредност од девет милијарди долари во период од три години.

Портпаролот на Белата куќа, Клер Букен вели дека тоа значи испраќање порака до владата на премиерот Ариел Шарон дека американските закони не ја подржуваат израелската изградба на населби на окупирани територии или на безбедносна ограда долж делови на Западниот брег.

“Одбивањето на парите ја одразува загриженоста на САД и барањата што се содржат во американските закони, вклучувајќи го населувањето и безбедносната ограда“, вели госпоѓа Букен.

Конгресот ја поврзува помошта за Израел со барање се што Израел ќе потроши на населби на Западниот брег да биде одбиено од американските кредитни гаранции.

Израелските власти велат дека не очекуваат од САД да ги финансираат израелските активности што не се во согласност со американската политика. Палестинците се сомневаат дека овој чекор ќе го запре Израел да гради нови населби и да ја заврши оградата.

XS
SM
MD
LG