Линкови за пристапност

Американска поддршка евроатлантска интеграција на Макеоднија - 2003-11-25


Американскиот државен секретар Колин Пауел кажа дека со нетрпение очекува Макеоднија целосно да биде интегрирана во сите евроатланстски институции. Господинот Пауел денеска пред новинарите изјави дека го охрабрил македонскиот премиер Бранко Црвенковски да продолжи да врши притисок за членство во НАТО. Господинот Пауел по средбата со господинот Црвенковски во Стејт Департментот, кажа дека Македонија направила значаен политички и социјален напредок последниве години, но дека се уште мора да исполни одредени стандарди за членство во НАТО и другите евроатланстски структури. Денеска се планирани и средби во Светската банка, додека вчера, пак, премиерот Црвенковски разговараше со одговорните во Меѓународниот монетарен фонд, и утрото положи венец на гробот на незнајниот јунак на Националните гробишта во Арлингтон. Утре г-динот Црвенковски ќе биде во Њујорк, каде се среќава со генералниот секретар на ОН, Кофи Анан и со претстставниците на македонските и албанските етнички заедници. Шестдневната посета на САД, макеоднскиот премиер ја завршува в четврток.

XS
SM
MD
LG