Линкови за пристапност

Британија предупредува на нови напади во Турција - 2003-11-25


Минатонеделните два самоубиствени напада со автомобили-бомби пред британскиот конзулат во Истамбул и филијалата на лондонската банка Ха-Ес-Бе-Це, ги однесе животите на 30 лица. По инцидентот во овој град беа уапсени преку 400 осомничени.

Тоа беше најголемиот напад врз британските интереси од почетокот на војната во Ирак, а се случи додека претседателот Буш се наоѓаше во посета на Лондон каде освари средби со британската кралица, како и со својот коалиционен партнер, премиерот Тони Блер.

Во соопштението, британскиот Форин Офис вели дека има информација за можни нови напади во Истамбул и Анкара, но притоа не се даваат поединости.

Британската Влада повикува да се избегнуваат непотребните патувања во Турција, а на британските државјани во оваа земја им порача да бидат претпазливи.

XS
SM
MD
LG