Линкови за пристапност

Готика - 2003-11-21


На почетокот ја гледаме Миранда Греј, психијатар која се обидува да ја лекува Кло, очигледно психички растроена жена која е затворена во државната психијатриска болница за криминално растроени лица. Хали Бери ја игра др. Греј и признава дека улогата ја трогнала.

„Имав многу ноќни кошмари додека го правев филмот и мислам дека тоа беше начин на кој моето тело реагираше додека ги процесираше сите застрашувачки информации кои ги впивав цел ден и на кои мислев како да ги доловам. Тоа беше начин на кој телото ми се ослободуваше од нив или минуваше низ нив преку соништата“, вели таа.

Пенелопи Круз ја игра психолошки растроената Кло. Актерката родум од Шпанија вели дека ниту посматрала, ниту интервјуирала ментални пациенти за да и помогнат во креирањето на ликот.

„Не му пријдов така на ликот бидејќи не мислев дека Кло е луда. Мислам дека ја прават болна зашто не сакаат да слушаат што има да каже, а таа знае дека е во право. Верувам дека тоа може да го разболи човек. Таа е само многу лута и се однесува како животно заради сета таа болка. Таа живее во пекол. Јас тоа лесно можам да го разберам. Тоа, за мене е многу пострашно отколку да сретнете дух... многу пострашно“, смета Круз.

Што и да е што ги гони жените во „Готика“, тоа преку ноќ физички ги малтретира им остава исеченици и модринки по телото.

Во "Готика “ игра и Роберт Дауни Џуниор како колега-психијатар на др. Греј, и Чарлс Датон, кој го игра нејзиниот сопруг. Филмот е во продукција на Dark Castle Entertainment, компанија која ја избра продуцентот Џоел Силвер и режисерто Роберт Земекис, кои се познати поправењето на темни, интензивни трилери.

XS
SM
MD
LG