Линкови за пристапност

Буш во Лондон: САД нема да го напуштат Ирак се додека мисијата не биде завршена  - 2003-11-21


Британскиот весник Гардиан ги објави резултатите на истражувањето кои покажуваат дека јавното мислење во Британија е значително про-американско, со 62 процента од британските граѓани кои веруваат дека САД, генерално кажано, е сила на доброто во светот, а не на зло.

Резултатите од анкетата беа објавени на пристигнувањето на претседателот Џорџ Буш Британија на тридневна државничка посета. Осврнувајќи се на коалиционите напори под американско водство во Авганистан, Ирак и на други места, претседателот Буш кажа дека не е доволно да се одговори на опасностите во светот преку резолуции на ОН. Мораме да ги пресретнеме овие опасности со решителност.

„Америка и Велика Британија сторија и ќе сторат се што е во нивна моќ да спречат ОН да станат ирелевантни . Америка и Британија ќе сторат се да не се повтори со ОН судбината на Лигата на нациите“, рече американскиот лидер. Претседателот Буш рече дека одлуката на коалицијата да го симне режимот на Садам Хусеин била соодветна употреба на сила.

„На оние кои живееја во ирачкиот баатистички пекол, со луксузни палати и простории за мачење, со нивните огромни статуи и масовни гробници, не им недостасува нивниот диктатор. Тие се радуваа на неговото соборување“, додаде тој.

„САД“, вели претседателот Буш, „нема да го напуштат Ирак се додека мисијата не е завршена и додека Ирачаните не ја добијат власта во нивни раце“.

“Неуспехот на демократијата во Ирак ќе го врати народот во беда и ќе ја предаде земјата на терористите кои сакаат да не уништат. Не минавме стотици милји да дојдеме во срцето на Ирак, да платиме висока цена со жртви и да го ослободиме 25-милионскиот народ, само за да се повлечеме пред група разбојници и атентатори“, порача американскиот претседател.

„Демократијата ќе успее во Ирак“, рече претседателот Буш, „бидејќи нашата волја е цврста, она што го кажуваме е добро, а Ирачаните нема да се откажат од нивната слобода. “.

XS
SM
MD
LG