Линкови за пристапност

Нови терористички напади во Турција - 2003-11-20


Во нановит енапади во Турција загинаа најмалку 25 лица, а околу 450 се повредени. Турскиот министер за надворешни работи Абдула Ѓул кажа дека неговата земја ќе продолжи да се бори против теророт во земјата.

„Сега се соочуваме со организирани терористички напади. За жал, повторно загинаа многу недолжни луѓе, но ќе продолжиме да се бориме против тероризмот“, вели тој.

Во првата експлозија околу девет часот утрово по локално време бил уништен дел од седиштето на британската банка „H-S-B-C“ во модерниот деловен кварт во Левент. Во втората експлозија на автомобил наполнет со експлозив, уништен е дел од британскиот конзулат во населената област Бејоглу.

Британски дипломат и американскиот амбасадор во Турција Ерик Еделман потврдија дека меѓу загинатите е британскиот генерален конзул Роџер Шорт. Американскиот амбасадор изрази сочуство во име на САД на турските и британските власти.

Турскиот министер за правда, Кемил Чичек, кажа дека бомбашките напади биле слични на самоубиствените напади врз двете синагоги во Истанбул во саботата.

Новинската агенција Анатолија соопшти дека добила анонимен повик во кој се тврди дека нападите биле заедничка акција на ал-Каида и малата турска исламска група позната како Голем исламски источен фронт за напад. Во нападот врз синагогите пред пет дена загинаа 23 лица, а стотици беа повредени.

XS
SM
MD
LG