Линкови за пристапност

Соседите на Ирак подготвени да му помогнат на патот кон незвисност  - 2003-11-18


Иранскиот министер за надворешни работи Камал Карази, кого го цитира државната агенција ИРНА, вели дека иако Техеран е подготвен да помогне во постигнување стабилност во Ирак, и дека нема да се меша во внатрешните работи на оваа земја.

Вчера, иранскиот претседател Мохамед Катами за првпат официјално го призна Ирачкиот владејачки совет назначен од САД, среќавајќи се со неговиот претседавач Џалал Талабани во Техеран. Г-динот Катами рече дека Владејачкиот совет е способен да го води Ирак кон независност.

Претходно, Техеран тврдеше дека Советот е само еден чекор кон независност на Ирак и одби официјално да го признае како легитимна власт.

Во меѓувреме, официјалната новинска агенција на Саудиска Арабија, СПА, јави дека саудискиот Кабинет го поздравил планот на Вашингтон за забрзување на пренесувањето на власта во Ирак.

Во Дамаск, денеска се пренесува изјавата на сирискиот потпретседател Абдел Халим Кадам, кој вели дека Сирија нема да им помага, ниту да ги поддржува терористите чија цел е да се борат против коалиционите сили во Ирак.

Според професорот по политички науки Мона Макрам Ебеид од Американскиот Универзитет во Каиро, најновите коментари од Иран, Саудиска Арабија и Сирија укажуваат на движење во вистинска насока.

“Сите овие чекори се обид да се покаже добра волја кон САД. Сите три земји се наоѓаат под американски притисок. Тие се соседни земји и се разбира дека се многу важни за Ирак. Многу е важно да имаат добри односи со Ирак и да не се мешаат во неговите чекори за одлучување на времето на одржување на иборите и за роковите за уставот. Мислам дека работите се движат“, вели госпоѓа Абеид.

Египетскиот академик Абдула Ал Ашал вели дека Саудиска Арабија го поврзува тероризмот во кралството со присуството на американските сили во Ирак. Затоа, вели тој, Ријад сака што е можно побрзо Ирак да постигне независност.

Портпаролот на Арапската лига, што ја сочинуваат 22 земји, Хишам Јусеф, вели дека арапскиот свет го поздравува забрзувањето на процесот на предавање на власта на ирачката привремена влада, но внимателно ги очекува резултатите.

“Има промена во американската политика и таа промена е добредојдена. Но не знаеме, колкава ќе биде таа промена и каква е брзината со која оваа промена ќе биде имплементирана и колку ќе биде значаен трансферот на власта“, изјави тој.

Г-динот Јусеф вели дека доколку Вашингтон може да ги исполни своите ветувања за целосна независност на ирачкиот народ во разумен временски период, ќе има промена и во арапскиот став кон САД.

XS
SM
MD
LG