Линкови за пристапност

Буш замина во посета на Британија - 2003-11-18


Ова е прва официјална посета на американскиот претседател на британија и безбедноста во Лондон е видливо зајакната, каде илјадници луѓе планираат да демонстрираат против присуството на американските и британските трупи во Ирак.

Премиерот Тони Блер е под се поголем политички притисок затоа што му се придружи на претседателот Буш во воената акција против Ирак, а најпоеве поради тоагшното оправдување на акцијата со тоа дека ирачки претседател Садам Хусеин би можел да им помогне на терористите да набават оружје за масовно уништување.

Повеќе од шест месеци откако господинот Буш објави крај на главните борби во Ирак, не е пронајдено вакво оружје. Меѓутоа, премиерот Блер вели дека сега не е време за повлекување, туку дека треба цврсто да се застане зад САД во борбата против тероризмот.

Претседателот Буш кажа дека не е вознемирен заради демонстрантите и со нетрпение очекува да ја посети земјата во која луѓето имаат слобода на говор. Претседателот последен пат ја посети Британија во април, кога заедно со премиерот Тони Блер дискутираа за ситуацијата по првите неколку недели од војната во Ирак и за напредокот на мировниот процес во Северна Ирска.

XS
SM
MD
LG