Линкови за пристапност

Буш:Демократија за Авганистан и Ира - 2003-11-17


50 милиони луѓе кои неодамна живееја под диктаторските режими во Авганистан и Ирак, со американска помош, работат на формирање на демократски влади. Работата што ја вршиме, рече претседателот Џорџ В. Буш, не е лесна, но сепак е неопходна:

„Доколку не успее демократијата во Авганистан и Ирак, секој кој се залага за слобода во овие две земји ќе биде осуден на затворска или смртна казна и ќе ги уништи демократските надежи на милиони луѓе на Блискиот Исток. Неуспехот на демократиите во овие две земји ќе постави нови основи за терористичка мрежа и ќе ги охрабри терориститие и нивните сојузници ширум светот. Неуспехот на демократијата во овие две земји ќе ги убеди терористите дека Америка се повлекува кога ќе биде нападната, по што сигурно ќе уследат дополнителни напади врз Америка“.

САД се сигурни дека демократијата ќе успее во Авганистан и Ирак, вели претседателот Буш.

„Демократската револуција која стигна дo другата страна на земјината топка, конечно ќе пушти корени и на Блискиот Исток. Стагнацијата, изолацијата и лутината од тој регион ќе му отстапат место на напредокот и можностите. Америка и светот ќе бидат побезбедни од катастрофалното насилство бидејќи теророт не е орудие на слободните“.

Во Авганситан, коалицијата под американско водство помага да се создаде слободна и стабилна Влада, а истовремено продолжува да ја извршува тешката задача за лоцирање на терориститие и уништување на остатоците на Талебан и Ал-Каида. Во Ирак, вели претседателот Буш, лојалиститие на Хусеин и терористите однадвор се обидуваат да ја тестираат нашата одлучност.

„Нивното насилство е концетрирано на релативно мала област во земјата. Сепак, терориститие се опасни. Заради ирачката иднина, заради безбедноста на Америка, овие убијци мора да бидат поразени“.

Како што кажа претседателот Буш: „За овие две години во борбата против теророт, тестирани се волјата и одлучноста на Америка во Авганистан и во Ирак. Ќе бидеме упорни, ќе ја завршиме мисијата што ја започнавме“.

XS
SM
MD
LG