Линкови за пристапност

Доналд Рамсфелд во посета на Јужна Кореја - 2003-11-17


Во заедничката изјава, господата Рамсфелд и Јанг-кил ја повикаа Северна Кореја да се откаже од нукларните амбиции и ветија дека по ова прашање ќе го оддржат меѓусебното силно сојузништво.

САД и Јужна Кореја заедно со Кина, Јапонија, и Русија се залагаат Пјонгјанг да се откаже од програмата за нуклеарно оружје.

На прес-конференцијата, американскиот секретар за одбрана истакна дека САД планираат да ја прегрупираат својата армија во Североисточна Азија. Американските трупи на полуостровот се стационирани како одвраќачка сила, откако двете Кореи ја потпишаа мировната спогодба во 1953-та година.

„Не се работи за бројки, туку за способност да се воведе вооружена моќ каде што е потребно, кога ќе биде потребно, со најголема флексибилност и најголема подвижност“, рече г-динот Рамсфелд.

Тој додаде дека ја почитува одлуката на Сеул од безбедносни причини, да испрати само 3.000 војници за обнова на Ирак под американско водство.

XS
SM
MD
LG