Линкови за пристапност

Буш: Политичкиот процес во Ирак продолжува - 2003-11-17


Претседателот Буш викендов изрази жалење за 17-мината загинати американски војници во судир на два хеликоптера во Ирак и ја коментираше новата аудио снимка на која наводно говори соборениот ирачки претседател Садам Хусеин. Следува реакцијата на американскиот претседател во врска со ирачката ситуација.

Во разговор со новинарите по враќањето од претседателското одморалиште Кемп Дејвид во околината на Вашингтон, претседателот Буш го коментираше саботниот судар на два американски хеликоптера Блакхок во итрачкиот град Мосул во саботата, при што загинаа 17 американски војници. Без разлика дали се работи за несреќен случај или соборување на хеликоптерите, претседателот Буш кажа дека секој губиток на човечки живот е трагичен, но дека САД ќе остнаат во Ирак се додека Ирачаните не преземат политичка контрола во земјата, што е планирано да се случи кон средината на наредната година.

„Политичкиот процес ќе продолжи. Ние само ќе го прилагодииме бројот на нашите сили во Ирак зависно од безбедносната ситуација во оваа земја“, рече американскиот претседател.

Кусо време пред неговата средба со новинарите, арапската ТВ-мрежа Ал-Арабија емитуваше аудио-снимка на која наводно говори соборениот ирачки претседател Садамм Хусеин и на која тој повикува на поголем отпр против американските сили во земјата. Претседателот Буш за снимката вели:

„Се сомневам дека тоа е една иста работа. Тоа е пропаганда. Но, едноставно, ние нема да заминеме од Ирак додека не ја завршиме работата“.

Ситуацијата во Ирак секако ќе биде предмет на средбата меѓу американскиот претседател и британскиот премиер Тони Блер оваа недела во Лондон. Антивоените демонстранти во Британија веќе најавија големи протести за време на неговата посета.

XS
SM
MD
LG