Линкови за пристапност

Митрева: Македонија ќе стане дел од модерна, интегрирана Европа - 2003-11-13


Во настапот заедно со вршителот на должноста министер за надворешни работи на Албанија, Луан Хајдерага и заменикот-министер за надворешни работи на Хрватска Иван Симоновиќ, шефот на македонската дипломатија кажа земјата работи во рамките на Јадранската повелба на интегрирање во НАТО и во ЕУ кога Алијансата ја реконципира својата мисија и кога во тек е дебата за иднината на трансатлантските релации. Јас верувам, додаде таа, дека овие два процеса се компатибилни и дека обединета Европа, и мирна Европа со координираните и интегрираните демократии на Балканот, заедно со САД, целосно ќе бидат ангжирани во справувањето со новите безбедносни закани во светот.

Запрашана дали на утрешната средба на Комисијата за партнерство на Јадранската повелба што ќе се одржи во Стејт департментот, очекува од земјите-учеснички да бидат побарано остварување на конретни задачи како предуслов за зачленување во НАТО, министерката Митрева одговори: „Од оваа средба очекуваме конкретизирање на активностите во смисла не само на исполнување на генералните стандарди што се пропишани за НАТО, политички, економски и реформи во Армија, но исто така и конректни активности на заедничко дружење и дејствување што до Истанбул ќе ни го олеснат патот кон добивањето на онаа толку нужна, потребна, јасна политичка порака за членство до 2006-та година“.

Г-ѓа Митрева и нејзините колеги од Албанија и Хрватска вчера имаа средба со претседателот на парламентарното собрание на НАТО и претседавач на поткомитетот за Европа во американскиот Претствнички дом Даглас Биројтер. Митрева вели дека на состанокот се разговарало за конкретните механизми што ќе го забрзаат напредокот на поделбата и ќе ја збогатат соработката.

Трите земји ја потпишаа Јадранската повелба во мај годинава во Тирана, под американско спонзорство во вид на поддршка за напорите на трите земји за интеграција во евро-атлантските структури.

XS
SM
MD
LG