Линкови за пристапност

Претседателот Буш им оддаде почит на американските војници кои загинаа во Ирак и Авганиста - 2003-11-11


Додека над еден милион Американци се во активна воена служба низ целиот свет, претседателот Буш кажа дека нацијата длабоко е свесна за неодамнешните жртви во борбата против тероризмот, во која, рече тој, американските војници гинат за слобода во Авганистан и Ирак.

„Загубите се ужасни. Особено е тешко за нивните семејства. Но во нивната болка и самотија, сакам овие семејства да знаат: Вашите најмили служеа за добра и праведна кауза“, истакна претседателот.

Г-динот Буш кажа дека овие војници загинале во далечни земји во борбата против теророт, за слобода и за заштита на Америка. „Иако не доживеаја да станат ветерани“, вели тој, „нацијата никогаш нема да заборави дека ги дадоа своите животи додека беа на должност“.

Пред церемонијата на националните гробишта Арлингтон, претседателот Буш ги удвои олеснувањата на даноците за семејствата на загинатите војници од 6.000 долари на 12.000.

XS
SM
MD
LG