Линкови за пристапност

vesti-11 - 2003-11-11


Ден на воените ветерани

Претседателот Буш им оддаде почит на жртвите од редовите на американската армија во Ирак и Авганистан на денешниот празник на воените ветерани.

Претседателот им се заблогадари на воените ветерани за, како што рече, ослободувањето на 50 милиони луѓе во овие две земји од рацете на диктаторите. Г-динот Буш и првата дама Лора Буш учествуваа на церемонијата на полагање цвеќе на Националните гробишта Арлингтон, во близина на Вашингтон. За време на престојниот говор господинот Буш се очекува да ги презентира своите оценки за актуелната ситуација во Ирак. Низ целата земја денеска се одржуваат церемонии и паради во чест на војниците од американската армија.

Ирак

Четворица ирачки цивили загинаа во експлозија на бомба во јужниот град Басра.

Бомбата била поставена крај патот што често го користеле британските трупи, но денешната експлозија се случила додека минувал минибус кој превезувал ирачки цивили. Во Багдад експлодирала бомба пред зграда на судот, а полицијата соопшти дека шест лица биле повредени. Во меѓувреме командантот на американските сили во Ирак кажа дека коалицијата притвора илјадници лица. За 20 од нив се смета дека се поврзани со ал-Каида. Командатот вели дека американското разузнавање на може да потврди дека се работи за членови на терористичката мрежа.

Авганистан – Експлозија

Во експлозија во близина на канцеларијата на ОН во Авганистан повредено е едно лице. Инцидентот се случил во градот Кандахар, поранешното упориште на соборениот талебански режим.

Француската новинска агенција јави дека комбе експлодирало пред Канцеларијата на ОН за развој, но немало сериозни оштетувања на зградата. Во меѓувреме главниот командант на бунтовниците во Авганистан, Гулбудин Хекматиар кажа дека борбата меѓу транзиционата влада и нејзините сојузници влегува во клучна фаза. Тој исто така ги отфрли напорите за нов Устав на Авганистан, како бесмислени.

Саудиска Арабија - Напади

Саудиските безбедносни сили соопштија дека уапсиле осомничени лица за бомбашкиот напад во Ријад во саботата, а саудискиот крал ветува голема акција против исламските милитанти.

Претставници на безбедносните служби не објавија поединости за осомничените, ниту за нивната наводна поврзаност со самоубиствениот бомбашки напад врз станбен комплекс, при што загинаа 17 лица. Државната саудиска новинска агенција јави дека Кралот Фад ја повикал владата да дејствува со „челична тупаница“ против „криминалците“ кои стојат зад овие напади. Асошиетед прес јави дека едно арапско списание примило електронска порака наводно од оперативец на ал-Каида во која се презема одговорноста за нападот.

Иран – Нуклеарна програма

Висок ирански официјален претставник соопшти дека неговата земја ги прекршила правилата на нуклеарната агенција на ОН, но дека количеството на нуклеарниот материјал што Иран тајно го произвел е незначително.

Иранскиот претставник во Меѓународната агенција за атомска енергија во денешната изјава за државната телевизија изјави дека прекршувањата се на ниво на грам или микрограм. Агенцијата во вчерашниот извештај објави дека Иран тајно произвел мали количества на збогатен ураниум и плутониум. Во извештајот се вели дека Иран ги прекршил своите обврски според Договорот за неширење на нуклеарното оружје во многу случаи и дека ги криел доказите од инспекторите за својата нуклеарна програма. Иран и соопштил на Агенцијата дека нема да дозволи ненајавени инспекции на нуклеарните локации.

Тероризам во светот

Независната организација за анализирање на безбедноста, Група за контрола на ризици вели дека иако раководството на терористите на Ал Каида е распрскано во светот, заканата од исламските терористите и натаму постои и се потешко е да и се влезе во трага.

Во извештајот на органзиацијата со седиште во Лондон, која нуди совети на меѓународни компании за безбедносните закани, се вели дека големите градови во Европа се ранливи на вакви закани, и Лондон се идентификува како најризичен град, дури и во споредба со американските градови или градовите во западна Европа. Воедно се наведува дека Блискиот исток е исто така можна цел на терористички напади, исто како што се регионите на Југоисточна Азија и Источна Африка. Како најризични земји за инвеститорите, групата ги наведува Бурунди, Либерија и Сомалија. Исто така се вели дека азиските земји ќе се соочат со голема можност од терористичко и политичко насилство во текот на следната година.

XS
SM
MD
LG