Линкови за пристапност

Буш: Потребна е демократизација на Блискиот исто - 2003-11-06


Претседателот Буш повикува на демократски реформи на Блискиот исток, предизвикувајќи ги Сирија и Иран да им дадат поголемо право на своите граѓани да зборуваат за тоа како се раководи со нивната земја. Во вчерашниот говор во Националната фондација за демократија, г-динот Буш го изложи својот план за Блискиот исток. Претседателот Буш рече дека заживувањето на демократијата на Блискиот исток ветува дека претстојат поголеми промени.

Тој го пофали Парламентот во Мароко, изборите во Бахраин, новиот Устав во Kатар, повеќепартизмот во Јемен и историските избори во Јордан.

Но тој кажа дека репресијата се уште е присутна во Сирија и Иран. Доколку Техеран не излезе во пресрет на демократските барања на иранскиот народ, претседателот вели дека, тој ќе го изгуби своето право на повикување на легитимноста.

Тој исто така ги повика американските сојузници Саудиска Арабија и Египет за зголемување на учеството на народот во управувањето, истакнувајќи дека тоа ќе демонстрира вистинско лидерство. Наместо да ги обвинуваат другите, рече г-динот Буш, лидерите на Блискиот исток мора да се справат со проблемите во реалноста.

„Сите добри и способни луѓе на Блискиот исток заслужуваат одговорно раководство. Долго време, многу народи во тој регион беа жртви и предмети. Тие заслужуваат да станат активни граѓани“, истакна г-динот Буш.

Претседателот рече дека исламот е во согласност со демократското владеење, и затоа модернизацијата на Блискиот исток не значи наметнување на влијанието од Запад.

XS
SM
MD
LG