Линкови за пристапност

мериканската армија се подготвува за замена на силите во Ира - 2003-11-06


Генералот Питер Пејс, заменик началник на Заедничкиот Генералштаб, почна да им кажува на членовите на Конгресот дека се очекува Пентагон да објави, најверојатно денеска, дека ќе бидат повикани на должност во Ирак илјадници нови трупи од Националната Гарда и резервисти.

Тој вели дека се издадени наредби и за повикување на маринците, инаку единици кои заминаа од Ирак во септември откако ја предводеа американската инвазија за соборување на владата на Садам Хусеин во април.

Иако во Ирак беше испратена замена на американските сили, генералот Пејс кажа дека и натаму очекува вкупната бројка на американските трупи да почне да се намалува идната година кога ирачките сили ќе бидат обучени за да го заземат нивното место.

Но во неделата, на емисијата "Meet the Press" на Ен-Би-Си, секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд кажа дека не е можно да се предвиди нивото на американските сили во Ирак. Тоа е нешто, вели тој, што ќе биде определено главно од безбедносната ситуација на теренот.

„Овие прашања не може да бидат одговорени. Секој што се обидел да ги одговори, погрешил“, рече тој.

Наредникот Рејмонд Литлфилд, кој се опоравува во воената болница во Германија по нападот во неделата врз американскиот хеликоптер во близина на Фалуџа, смета дека американското воено присуство нема брзо да заврши.

„Некогаш секако ќе се вратиме. Но ова ќе трае долго време. Со години. Подготвен сум тоа да го сторам. И горд сум поради тоа“, додава тој.

Администрацијата на Буш очекуваше дека кога американската воена мисија ќе добие помош од ОН, државите од Европа и Блискиот Исток ќе испратат голем број трупи за реконструкцијата. Но овие очекувања се уште не се исполнети.

XS
SM
MD
LG