Линкови за пристапност

Претседателот Буш го потпиша законот за финансирање на операциите во Ирак и Авганиста - 2003-11-06


Претседателот Буш вели дека средствата ја претставуваат сериозната финансиска определба за борбата против тероризмот.

„Со овој акт на Конгресот, ниту еден непријател или пријател не ќе може да се посомнева дека Америка има ресурси и волја да извојува победа во оваа војна“,рече американскиот претседател.

На церемонијата на потпишување на законот во Белата куќа, г-динот Буш вети дека Америка нема да се откаже и дека ќе остане рамо до рамо со авганистанскиот и ирачкиот народ.

„Ќе сториме се што е во наша моќ, да обезбедиме слободата да најде траен дом во Авганистан и Ирак“, додаде тој.

Поголемиот дел од одобрените 87,5 милијарди долари, одобрени од Конгресот ќе се употребат за покривање на воените операции, а околу 20 милијарди ќе се вложат во реконструкција на овие две земји.

XS
SM
MD
LG