Линкови за пристапност

Германија е важен сојузник во борбата против тероризмот - 2003-11-06


Германија е важен сојузник во војната против тероризмот. Како што кажа американскиот секретар за домашна безбедност, Том Риџ на 29 октомври пред Германскиот совет за надворешни односи, Германија „има важен придонес во борбата против терористите и внатре, но и надвор од германската територија“. Ова посебно се однесува на Авганистан, каде Германија беше важен член на коалицијата која го собори талебанскиот режим и неговите соработници, терористите од Ал Каида.

Претставниците на германските агенции за спроведување на законот, уапсија неколку осомничени терористи, вклучувајќи и некои вмршани во нападите од 11 септември. Останатите беа уапсени за наводен заговор за терористички напад врз американската воена база во Хајделберг. Германија исто така заплени над 200 банкарски сметки на терористите со неколку милиони доалри. Новите закони им ја отежнуваат можноста на терористите да најдат засолниште на германска почва.

Тероризмот е „нов тоталитаризам“, кажа секретарот за домашна безбендост Том Риџ во говорот во Берлин. За првпат во историјата, мал број луѓе со оружје за масовно уништување можеа да предизвикаат хаос против цивилите во светот. Терористите, рече г-динот Риџ, сакаат дезинтеграција на демократските општества со поткопување на слободните влади.

Не е случајно што новиот степен на тероризам коинцидира со глобализацијата на транспортот, трговијата, технологијата и комуникациите. Истите бенефиции што ги уживаат луѓето што ја сакаат слободата во светот им се достапни и на терористите. Тоа значи дека терористите имаат поголема слобода на движење, повеќе цели и повеќе места од кога и да е за да се скријат.

За да возврати во оваа битка, глобалната коалиција против тероризмот мора да соработува во размената на разузнавачките информации и да ги употребува безбедносните агенции за сузбивање на терористичките мрежи. Досега, притворени се над 3.000 осомничени терористи во 90 земји.

Но, ни претстојат уште многу битки, кажа претседателот Џорџ В. Буш.

„За победа во војната против тероризмот, ние мора да се справиме со распространетиот и инвентивен непријател во темните агли на светот. Мораме да ги разбиеме нивните ќелии, да ги запреме нивните извори на пари. Мора да се спротивставиме на пропагандата на омраза која ја потхранува нивната кауза. Во земјите каде омразата и тероризмот фатиле корени, мораме да ги поттикнеме алтернативите како напредокот, толеранцијата и слободата кои водат кон мир“, рече американскиот претседател.

Како што кажа претседателот Буш, „ние ќе и се спротивставиме на оваа опасност и ќе го победиме злото. Што и да се бара од нас, независно колку долго ќе трае, ќе сториме, за да се заврши работата. “

XS
SM
MD
LG