Линкови за пристапност

Формирана Комисија за реформи на ОН - 2003-11-04


Генералниот секретар на ОН Кофи Анан именува комисија која би препорачала начини за реформирање на светското тело. Генералниот секретар го именува поранешниот тајландски премиер Ананд Паниарачун да раководи со 16-членото тело на, како што ги нарече тој, еминентни лица. Меѓу другите именувани се по еден член од секоја од петте постојани членки на Советот за безбедност и тројца други од Азија, двајца од Јужна Америка и три лица од Африка. Уште две лица се приклучени од Норвешка и Австралија.

И Индија и Пакистан ќе бидат претставени со азиски делегати. Јапонија и Бразил, двата аспиранти за влегување во Советот за безбедност, исто така се вклучени.

САД ќе ги претставува Брент Скокрофт, поранешен советник за Национална безбедност на претседателот Форд и првиот претседател Буш.

Во соопштението генералниот секретар Анан кажа дека од ова тело е побарано да предложи начини за преобликување на светската организација за да се обезбеди, како што вели тој, колективна акција.

Господинот Анан неодамна често зборуваше за потребата од реформа. Во серија говори при одбележувањето на почетокот на работата на заседанието на Генералното собрание во септември, тој кажа дека настаните од изминатата година го потресоа меѓународниот систем и му создале непријатно чувство дека системот веќе не функционира како што би требало.

На телото за реформа му е даден широк мандат. Според соопштението за јавноста групата е има ингеренции да ги прошири анализите и препораките на прашања и институции надвор од ОН до граници што би имале увид на идните закани по мирот и безбедноста.

XS
SM
MD
LG