Линкови за пристапност

мериканскиот Сенат го одобри финансискиот пакет од 87 милијарди долари за Ирак и Авганиста - 2003-11-04


Американскиот Сенат вчера попладне со конечно гласање го одобри барањето на претседателот Буш за буџетски пакет од 87 милијарди долари наменет за Ирак и Авганистан. Нацрт-законот сега ќе му биде предаден на претседателот на потпишување.

Одобрувањето на овој нацрт-закон никогаш не се доведуваше во прашање. Дури и критичарите на политиката на администрацијата на Буш за Ирак, вклучувајќи ги и демократскиот сенатор Дик Дурбин од Илиноис, се согласуваат дека САД немаат друга опција, освен да останат на актуелниот курс во Ирак.

„Ние имаме целосно разбирање дека не можеме да прекинеме и да си заминеме“, рече г-динот Дурбин.

Со оваа мерка претседателот Буш добива речиси се што побара: 65 милијарди долари за поддршка на трупите во Ирак и Авганистан и 18,6 милијарди долари за обнова на Авганистан.

Претставничкиот дом го одобри нацрт- законот минатата недела.

XS
SM
MD
LG