Линкови за пристапност

Најнови вести, 3 ноември - 2003-11-03


Ирак

Во извештајот објавен денеска во весникот Вашингтон Пост се вели дека Садам Хусеин не наредил против напад против американските сили по започнувањето на војната, бидејќи бил убеден дека ќе избегне или ќе преживее копнена инвазија. Притоа се вели дека поранешниот ирачки заменик-премиер Тарик Азиз во истрагата кажал дека француски и руски врски го убедиле дека можат да ја одложат или да ја блокираат војната под американско раководство преку гласање во Советот за безбедност на ОН. Американски претставници за весникот велат дека тврдењата на г-динот Азис не биле потврдени од други извори. Г-динот Азиз се наоѓа под истрага од неговата дпброволно предавање во април, околу две недели по падот на батистичката влада.

Русија - Јукос

Првиот човек на рускиот нафтен гигант Јукос поднесе оставка, една недела откако беше уапсен по обвиненија за измама на државата за над милијарда долари. Михаил Кодорковски денеска ја објави својата оставка и кажа дека го остава Јукос во рацете на способни и искусни менаџери. Неговото апсење минатата недела беше причина за пад на руските берзи. Вредноста на акциите на Јукос се зголеми по веста за оставката. Критичарите велат дека истрагата за господинот Кодорковски е политички мотивирана, додека американските власти кажаа дека се отвораат сомневања во спроведувањето на законот во Русија. Вчера рускиот министер за надворешни работи Игор Иванов ги обвини САД дека со таа изјава применуваат двојни стандарди.

Русија - Израел

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека Москва сака да има активна улога во блискоисточниот мировен процес. На почетокот на разговорите со израелскиот премиер Ариел Шарон денеска во Москва, г-динот Путин изјави дека Русија внимателно ја следи ситуацијата на Блискиот исток. Г-динот Шарон му кажал на рускиот претседател дека Израел е подготвен за отстапки во корист на мирот. За време на средбата, г-динот Шарон требаше да побара од г-динот Путин повлекување на нацрт резолуцијата на ОН со која се поддржува мапата кон мирот, во која се предвидува формирање на палестинска држава до 2005 година. Руските претставници оваа нацрт-резолуција до Советот за безбедност ја поднесоа мината недела.

Иран – нуклеарна програма

Шефот на Иранскот Совет за национална безбедност ја откажа посетата на Москва која требаше да се фокусира на иранската нуклеарна програма. Иранската амбасада во Москва не даде објаснување за откажувањето на денешната посета. Во петокот, руски официјален претставник изјави дека за време на посетата се очекува Иран да каже кога ќе го потпише договорот за дополнителни меѓународни инспекции на нуклеарната програма. Иранската амбасада во Русија рече дека нема да ги коментира шпекулациите оти причина за откажувањето на посетата е престојот на израелскиот премиер Ариел Шарон во Москва. Г-динот Шарон е загрижен за ангажираноста ан Русија во однос на иранската нуклеарна програма.

Израел – Палестинци

Израелскиот министер за одбрана, Шаул Мофаз вели дека се сретнал со висок палестински претставник, што претставува прва средба меѓу двете страни на високо ниво по повеќе од два месеца. Г-динот Мофаз не даде поединости за средбата со палестинскиот министр за финансии Салам Фајед, а во меѓувреме, палестинскиот премиер Ахмед Куреја и претседателот Јасер Арафат се сретнаа во градот Рамалах на Западниот брег на разговори за формирање на нов кабинет. Обајцата лидери не соопштија никаков напредок за решавање на спорот околу тоа кој ќе биде следниот министер за внатрешни работи, во чија надлежност се и безбедносните прашања. Премиерот треба до утре да формира нова Влада.

Саудиска Арабија - акција

Властите во Саудиска Арабија велат дека полицијата убила двајца милитанти во светиот муслимански град Мека, во вооружената акција која според државната телевизија била со цел спречување на терористичка операција. Во официјалната изјава што ја објави државната телевизија се вели дека полицијата денеска опколила една зграда во Мека и возвратила на огнот од страна на милитантите кои се обиделе да избегаат. Двајца милитанти загинале, а полицијата вели дека е во потрага по останатите. Полицијата соопшти дека запленила рачни гранати, експлозиви, автоматски пушки, пиштоли и муниција. Саудиска Арабија презема континуирани акции за справување со исламските милитанти по бомбашките напади во Ријад во мај годинава, кога загинаа 35 лица.

Хаг – сведочење на лорд Овен

Поранешниот британски дипломат кој се обиде да посредува во балканскиот конфликт во 90-тите години вели дека поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ можел да ги запре борбите, но не го сторил тоа. Дејвид Овен денеска сведочеше во процесот против г-динот Милошевиќ за воени злосторства што се води во Хаг. Тој рече дека поранешниот југословенски лидер можел да изврши влијание врз Босанските и Хрватските Срби да ги прифатат условите од мировниот договор и во почетокот на 90-те. Г-динот Овен помогна за создавање на еден од најсеопфатните предлози за запирање на конфликтот. Г-динот Милошевиќ се соочува со 60 обвиненија за воени злостроства за неговата улога во балканските конфликти.

XS
SM
MD
LG