Линкови за пристапност

Новиот устав на Авганистан врз исламски принципи - 2003-11-03


Нацрт уставот, во кој стои дека Авганистан е исламска република, му беше претставен на претседателот Хамид Карзаи на церемонија во Кабул.

Комисијата која го изработи нацртот на документот вели дека тој е заснован на исламски принципи и признава дека ниеден закон не може да е во несогласност со како што вели таа, светата религија на Исламот. Комисијата додава дека новиот устав овозможува верска слобода за другите религии во Авганистан.

Уставната Лоја Џирга или големото Собрание, формално ќе го усвои нацртот во декември, со што ќе бидат создадени услови за избори следната година.

Уставот повикува на создавање на два дома, горен и долен, на парламентот и функции претседател и потпретседател. На претседателот му се дава силна улога на лидер во земјата и го елиминира премиерот што како функција беше предвиден во претходните верзии.

Многумина стравуваа дека силен премиер може да биде политички и армиски соперник на претседателот.

Долго-одложуваниот нацрт е објавен во време кога голема делегација на амбасадори што го претставуваат Советот за безбедност на ОН се наоѓа во Кабул да ја нагласи поддршката на ОН во напорите за обнова на Авганистан. Гинтер Плугер ја предводи делегацијата.

“Авганистан е високо на агендата на Советот за безбедност и Советот за безбедност и меѓународнната заедница го поддржуваат процесот на обнова во Авганистан“, изјави господинот Плугер.

Минатиот месец ОН гласаа за продолжување на мировничките операции во Авганистан. Хуманитарните работници и западните дипломати велат дека безбедносната ситуација мора да се поправи доколку изборите се одржуваат следната година.

Соопштението од меѓународната водечка група за човекови права, Хјуман Рајтс Воч, предупредува за нов бран на насилство и заплашувања кои се закана за политичката реконструкција во Авганистан. Групата исто така го поттикнува претседателот Карзаи да преземе акција за минимизирање на бројот на воените профитери и нивните претставници кои би присуствувале на конститутивното собрание следниот месец.

XS
SM
MD
LG