Линкови за пристапност

За Европјаните, Израел е закана за светскиот мир - 2003-11-03


Испитувањето го спроведе угледната истражувачка организација Галуп. Анкетарите им дале на 7.500 испитаници листа од 15 земји од кои требало да изберат една која според нив, претставува најголема опасност по светскиот мир.

59 проценти во таа категорија го вброиле Израел, додека 53 проценти потоа посочиле на САД, Иран и Северна Кореја, како можни загрозувачи на мирот. 52 проценти го избрале Ирак, додека 50 проценти сметаат дека закана по светскиот мир претставува Авганистан.

Израел реагираше на резултатите од анкетите со, како што се вели во соопштението од неговата мисија во ЕУ, жалење и лутина. Во соопштението за резултатите се обвинуваат, како што се нарекуваат, обликувачите на јавното мислење, велејќи дека борбата на Израел а мир и безбедност е искривена од едностраното и емоционалното известување на европските медиуми.

Европската Комисија, која се занимава со секојдневните прашања на Унијата, и која го спонзорираше ова испитување како дел од серијата анкети за европското однесување, не им придава големо значење на резултатите.

Портпаролот на Комисијата, Герасимос Томас, преку преведувач изјави дека израелската лутина била легитимна и одбивајќи понатамошни коментари, само кажа дека европската политика не е погодена од резултатите на испитувањето.

“Не е наша задача да го интерпретираме секое испитување или да извлекуваме политика врз основа на испитувањата. Анкетите постојат и можат да се користат како што ви одговара“, изјави господинот Томас.

Италија, која се наоѓа на ротирачкото претседателство на ЕУ, исто така се обиде да ја дистанцира Унијата од резултатите на анкетата, велејќи дека мислењето на граѓаните кои го избрале Израел како закана по светскиот мир, не го рефлектира ставот на Унијата.

Израелскиот амбасадор во Италија, Ехуд Гол, за римскиот весник Ил Месаџеро изјави дека резултатите од испитувањето можно е да имаат значителни дипломатски последици. Тој вели дека сега за ЕУ ќе биде потешко да игра улога во блискоисточниот мировниот план наречен „Мапа кон мирот“, во кој е вклучена заедно со САД, ОН и Русија.

Порпаролот на Европската Комисија Герасимос Томас ја отврли оваа идеја, велејќи дека Унијата има доверба во сите свои членки.

Запрашан зошто Палестинската Управа не била вклучена во листата 15 држави од анкетата, г-динот Томас едноставно одговори дека Управата не е држава.

Контоверзното испитување на јавното мислење покажува и дека близу две-третини од граѓаните на ЕУ веруваат дека инвазијата на Ирак под американско водство не била оправдана и дека САД треба да ја платат сметката за обновата на земјата.

XS
SM
MD
LG