Линкови за пристапност

САД нема да се повлечат од Ира - 2003-11-03


Претседателот вели дека Америка нема да се повлече од како што рече централниот фронт во војната против тероризмот.

“Слободен Ирак ќе биде мирољубив Ирак. А слободен и мирољубив Ирак е важен за националната безбедност на Америка“, кажа претседателот Буш.

Во неделата 16 Американци загинаа кога нивниот транспортен хеликоптер се урна западно од Багдад. Овој напад се смета за најтрагичен досега врз американските сили од почетокот на војната во март.

На нападот првично реагираше секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд, нарекувајќи ги трагичен ден за Америка. Првите коментари на претседателот дојдоа еден ден подоцна, во она што претходно беше најавено како говор посветен на економијата во Бирмингем, Алабама. Г-динот Буш не се осврна директно на нападот, но не остави простор за сомневање во цврстината на неговата решеност за останување на истиот курс во Ирак.

“Непријателот во Ирак верува дека Америка ќе избега. Токму затоа тие сакаат да убиваат невини цивили, хуманитарни работници и коалициони сили. Америка никогаш нема да избега. Америка ќе стори се што е потребно за поголема безбедност на нашата земја“, кажа господинот Буш.

Претседателот на оваа тема се осврна и подоцна, на средбата во Бирмингем за собирање финансиски средства за негова кампања за реизбор. Тој уште еднаш кажа дека Америка нема да биде заплашена од оние кои сакаат да ја запрат на патот кон воспоставување слобода и самоуправа во Ирак.

“Ќе го завршиме она што го започнавме и ќе ја добиеме оваа суштинска победа во војната против тероризмот“, истакна американскиот претседател.

Неколкупати за време на престојот во Алабама, г-динот Буш посочи на загинатите американски војници во Ирак и Авганистан. Тој рече дека Америка жали за секоја жртва и им оддава почит на секој од нив.

XS
SM
MD
LG