Линкови за пристапност

Најнови вести, 3 ноември - 2003-11-03


Ирак

Во извештајот објавен денеска во весникот Вашингтон Пост се вели дека Садам Хусеин не наредил против напад против американските сили по започнувањето на војната, бидејќи бiл убеден дека ќе избегне или ќе преживее копнена инвазија. Притоа се вели дека поранешниот ирачки заменик-премиер Тарик Азиз во истрагата кажал дека француски и руски врски го убедиле дека можат да ја одложат или да ја блокираат војната под американско раководство преку гласање во Советот за безбедност на ОН. Американски претставници за весникот велат дека тврдењата на г-динот Азис не биле потврдени од други извори. Г-динот Азиз се наоѓа под истрага од неговата дпброволно предавање во април, околу две недели по падот на батистичката влада.

Саудиска Арабија - апсење

Властите во Саудиска Арабија велат дека полицијата убила двајца милитанти во светиот муслимански град Мека, во вооружената акција која според државната телевизија била со цел за спречување на терористичка операција. Во официјалната изјава што ја објави државната телевизија се вели дека полицијата денеска опколила една зграда во Мека и возвратила на огнот од страна на милитантите кои се обиделе да избегаат. Двајца милитанти загинале, а полицијата вели дека е во потрага по останатите. Полицијата соопшти дека запленила рачни гранати, експлозиви, автоматски пушки, пиштоли и муниција. Саудиска Арабија презема континуирани акции за справување со исламските милитанти по бомбашките напади во Ријад во мај годинава, кога загинаа 35 лица.

Иран-нуклеарна програма

Шефот на Иранскот Совет за национална безбедност ја откажа посетата на Москва која требаше да се фокусира на иранската нуклеарна програма. Иранската амбасада во Москва не даде објаснување за откажувањето на денешната посета. Во петокот, руски официјален претставник изјави дека за време на посетата се очекува Иран да каже кога ќе го потпише договорот за дополнителни меѓународни инспекции на нуклеарната програма. Иранската амбасада во Русија рече дека нема да ги коментира шпекулациите оти причина за откажувањето на посетата е престојот на израелскиот премиер Ариел Шарон во Москва. Г-динот Шарон е загрижен за ангажираноста ан Русија во однос на иранската нуклеарна програма.

Северна Кореја - економија

Водечката агенција за економско рангирање Стандард енд Пур вели дека економскиот колапс на Северна Кореја е неизбежен и оти Јужна Кореја мора да се подготви да го понесе огромниот товар што ќе се создаде како резултат на тоа. Аналитичарите од агенцијата велат дека колапсот на Северна Кореја ќе чини стотици милијарди долари, и предупредуваат оти итната економска помош за консолидација ќе изнесува трипати повеќе од севернокорејскиот годишен приход кој во моментов изнесува 480 милијарди долари. Еден од извршните директори на Агенцијата вели дека само прашање на време е кога ќе се случи колапсот на Северна Кореја. Стандард енд Пур исто така ја изразува меѓународната загриженост дека развојот на севернокорејската нуклеарна програма би можела да влијае на економскиот рејтинг на Јужна Кореја и на кредитната стапка која земјата ја плаќа за земените кредити

Авганистан - Устав

Авганистанската Влада го објави долгоочекуваниот нацрт-устав, речиси две години по соборувањето на талебанскиот режим. Документот чија цел е дефинирање на авганистанскиот политички систем денеска на церемонија во Кабул му бил предаден на претседателот Хамид Карзаи. Според нацрт-уставот, официјалното име на земјата ќе биде Исламска република Авганистан, со која ќе раководи претседателот што ќе го избора народот на избори и еден потпретседател. Ќе има дводомен Парламент, и нема да има премиер. Комисијата за изработка на уставот вели дека нацртот е базиран на исламските принципи. Исто така во него се гарантираат верските слободи за сите.

Хаг – сведочење на лорд Овен

Поранешниот британски дипломат кој се обиде да посредува во балканскиот конфликт во 90-тите години вели дека поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ можел да ги запре борбите, но не го сторил тоа. Дејвид Овен денеска сведочеше во процесот против г-динот Милошевиќ за воени злосторства што се води во Хаг. Тој рече дека поранешниот југословенски лидер можел да изврши влијание врз Босанските и Хрватските Срби да ги прифатат условите од мировниот договор и порано. Г-динот Овен помогна за создавање на еден од најсеопфатните предлози за запирање на конфликтот. Г-динот Милошевиќ се соочува со 60 обвиненија за воени злостроства за неговата улога во балканските конфликти. Г-динот Овен не е сведок ниту на одбрана, ниту на обвинителите. Тој денеска г-динот Милошевиќ го нарече прагматичар, кој не бил фундаментален расист.

XS
SM
MD
LG