Линкови за пристапност

Шарон во Москва - 2003-11-03


Израелските претставници изразија загриженост заради помошта што Москва ја дала на Иран во изградбата на нукларна постројка во Иран, проект на кој се противат и САД.

Се очекува израелскиот премиер Шарон од Русија да побара да ја запре работата на проектот или барем да инсистира Техеран да дозволи ОН да изведуват засилени инспекции на неговите нуклеарни објекти.

Иран ги порекнува американските обвинувања дека тајно произведува нукларно оружје и вели дека ќе потпише меѓународен пакт со кој би се дозволиле вакви меѓународни инспекции. Првиот човек на иранскиот Врховен совет за национална безбедност, Хасан Рохани, денеска требаше да претстојува во Москва, но го откажа своето патување. Тој во Русија требаше да соопшти кога Иран би го потпишал договорот.

Во разговорите со претседателот Владимир Путин, израелскиот лидер се очекува од Русија да побара да го повлече својот план, ОН формално да го усвојат блискоисточниот мировен план наречен „Мапа кон мир“.

Израелските претставници велат дека формалната резолуција би извршила притисок врз Израел без притоа да се дадат гаранции дека Палестинците би морале да дадат нешто за возврат.

XS
SM
MD
LG