Линкови за пристапност

Безбедноста на Капитол Хил на испит - 2003-10-31


Од терористичките напади во САД во 2001, обезбедувањето во Конгресот беше постепено зголемувано. Поставени се нови огради околу конгресната зграда, додека специјална полициска единица постојано е на високо ниво на подготвеност.

Но при секој инцидент, се јавува потребата за итно преиспитување на безбедносните процедури.

Вчера попладне обезбедувањето на една од зградите на Претставничкиот дом забележало дека во една од чантите кои минале низ машините за проверка веројатно се наоѓал пиштол.

Според првичната верзија на полицијата, маж-белец ја грабнал чантата и почнал да бега. Веднаш потоа беше издадено итно предупредување, а полицијата нареди зградата Кенон да биде комлетно затворена.

Тешко вооружената специјална полициска единица влезе во зградата и некое време апсолутно никој, особено, стотици новинари и телевизиски екипи насобрани околу неа, не знаеле што се случува, се додека шефот на полицијата на Капитол Хил, Теренс Гаинер не излезе со изјава:„Инцидентот што започна пред неколку часа е причинет од две лица од персоналот кои носеле костими за маскирање за Халовин, кои содржеле и пластичен пиштол-играчка.“ Овие две лица подоцна изјавиле дека им е многу жал што причиниле ваква безбедносна збрка.

Г-динот Гаинер истакна дека обезбедувањето под негова контрола со ситуацијата се справило соодветно, што е и став на конгресменот Боб Неи кој раководи со Комисијата за обезбедување на Капитол Хил.

„Конгресната полиција постапи добро и изведе ефикасна работа. Таа беше присутна и во другите конгресни згради пребарувајќи просторија по просторија. Ова можеше да биде вистинско оружје. Секојдневно, како што добро ни е познато овде во семејството на Капитол Хил, полицајците го изложуваат својот живот на ризик.“, кажа конгресменот.

Но подоцна, господинот Неи издаде соопштение велејќи дека инциденетот покренал мошне сериозни прашања, ветувајќи дека внимателно ќе истражи како дошло до оваа ситуација.

Инцидентот само ја потенцираше чувствителноста на се што се приближува до безбедносните огради на Капитол Хил, во овие денови на продолжителна нервоза заради можни терористички напади.

XS
SM
MD
LG