Линкови за пристапност

Меѓународни хуманитарни работинци се подготвуваат да заминат од Багдад - 2003-10-30


Штабот на Црвениот крст во Женева вчера соопшти дека странскиот персонал во Багдад ќе биде намален од безбедносни причини.

Во следните неколку дена на непозната локација надвор од Ирак ќе се одржи затворен состанок на претставниците на Црвениот крст на кој ќе се одлучи кој од персоналот ќе остане, а кој ќе си замине. Според портпаролот на Црвениот крст во Багдад Нада Думани, на овој состанок исто така ќе се разговара и за безбедносните прашања.

„Ние, се разбира, ќе мора да ги зајакнеме безбедносните мерки, имајќи предвид дека никогаш не сме побарале вооружена заштита. Исто така, треба да се има предвид дека ние не сакаме да бидеме одвоени од народот со високи бетонски ѕидови бидејќи тоа не е суштината на хуманитарната организација. Потоа, треба да работиме под зајакнати безбедносни мерки, и тоа не само странскиот персонал овде, туку и Ирачаните“, вели Думани.

Таа додаде и дека многумина ирачки здравствени работници јасно кажале дека не сакаат работниците на Црвениот крст да си заминат и дека имаат огромна поодршка низ целата зедница.

„Некои директори на болници доаѓаа и ни велеа да не си заминуваме, бидејќи голем дел од итниот медицински материјал се уште не го добиваат од домашни извори. Од друга страна, завчера кај нас дојдоа неколкумина хонорарни работници кои понудија бесплатно да ги оспособат нашите канцеларии за работа, во знак на солидарност. И се разбира, тука се сите наши колеги, нашите ирачки колеги, на кои им кажавме да останат дома, да не работат, бидејќи ова се денови на жалост, но тие сепак и натаму редовно се појавуваат на работа“, истакнува г-ѓа Думани.

Меѓународната федерација на Црвениот крст и црвената полумесечина издаде соопштение во кое се вели дека, иако ќе продолжи да биде присутна во Ирак, сепак, најголем дел од странскиот персонал привремено ќе биде дислоциран од Ирак во Аман, Јордан.

XS
SM
MD
LG