Линкови за пристапност

vesti 28 - 2003-10-28


Израел – Палестинци

Израелските трупи убиле еден палестински милитант, а друг е повреден близу бегалски камп на Западниот Брег.

Очевидците и израелската армија велат дека денеска убиеното лице во градот Тулкрам било член на Ал-Акса маченичките бригади. Во меѓувреме, палестинскио претседател Јасер Арафат побара од Ахмед Куреја да продолжи да ја извршува функцијата премиер и да формира нова Влада откако наредната недела ќе истече неговиот мандат да биде на чело на едномесечниот вонреден кабинет. Г-динот Куреја и г-динот Арафат не се согласуваа околу контролата врз палестинските безбедносни сили кои се неопходни за напредокот на мировниот план за Блискиот Исток наречен Мапа кон мирот поддржан од САД.

Иран – Ал-Каида

Иран го одби американското барање да екстрадира повеќе осомничени припадници на Ал-Каида во земјите од каде потекнуваат или во САД.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи во Техеран денеска изјави дека уапсените членови на Ал-Каида извршиле злосторства во Иран и ним ќе им биде судено во иранските судови. Вчера, американскиот државен секретар Колин Пауел кажа дека Иран би требало да предаде околу 150 осомничени кои наводно се наоѓаат во иранска надлежност. Портпаролот на Стејт департментот, изјави дека битно е другите земји да имаат шанса да добијат информација за минатитие и идните активности на Ал-Каида што можно е да ја поседуваат овие лица.

Судан – Пауел

Американскиот државен секретар Колин Пауел вели дека е отворен патот за конечно и целосно мировно решение во Судан.

Во неговиот авторски текст објавен во денешното издание на Лос Анѓелес Тајмс, г-динот Пауел пишува дека Суда е на работ на постигнување договор за негова трансформација во нов африкански симбол на надеж. Минатата недела, г-динот Пауел објави дека суданската Влада и главната бунтовничка група во земјата се решени за постигнување договор до крајот на годинава. Во денешниот напис, г-динот Пауел вели дека администрацијата на Буш ќе започне со нормализација на билатералните односи веднаш штом договорот ќе биде постигнат. Г-динот Пауел исто така истакнува дека сега кога крајот на 20 годишната граѓанска војна е на дофат, оваа можност не смее да се пропушти.

Калифорнија – Пожари

Пожарникарите во јужна Калифорнија и натаму се борат со пожарите кои сега претставуваат закана и по густо населените области во околината на Лос Анѓелес.

Оваа федералнаа држава беше зафатена со силни пожари минатата недела, при што изгоре површина од 200.000 хектари, беа уништени преку 1.000 домови, а илјадници лица беа евакуирани. Од пожарите кои се шират од границата со Мексико па се до северниот дел на Лос Анѓелес, досега загинале најмалку 15 лица. Пожари биле забележани и во Мексико каде загинале две лица. Ветриштата и сувото време придонесуваат за влошување на состојбата. Затворени се поглавните автопати во оваа област, а отежнат е и авионскиот сообраќај. Вчера претседателот Буш понуди федерални фондови за четири погодени области во Калифорнија.

САД – Економија

Претседателот Буш вели дека американската економија покажува знаци на зајакнување, оставајќи ги зад себе последиците од терористичките напади, корпорациските афери и другите проблеми.

Неговите забелешки уследија по двата економски извештаи и неколкуте неодамнешни мултимилионски бизнис -поврзувања, што влејаа оптимизам на берзите. Една приватна организација од Њујорк денеска објави дека потрошувачката доверба минатата недела била во пораст, поради намалувањето на бројот на лицата кои стравуваат за своите работни места и поголемата побарувачка на стоки. Околу 70 проценти од економската активност во САД се базира на потрошувачката доверба.

Северна и Јужна Кореја - Разговори

Официјалните лица во Сеул велат дека Северна и Јужна Кореја се согласиле да одржат нова рунда економски разговори наредниот месец во Пјонгјанг.

Јужнокорејското Министерство за Унификација вели дека обете страни ќе одржат четиридневни разговори кои ќе започнат на 4-ти ноември во главниот град на Северна Кореја. Тоа ќе значи седма по ред рунда вакви разговори меѓу двете Кореи. Земјите се очекува да разговараат за поедости во врска со железничката и автомобилската поврзаност, како и по предложениот индустриски парк на Северна Кореја. Се уште не е познато дали претставниците од Јужна Кореја на самитот ќе го потегнат прашањето за нуклеарните амбиции на Северот.

XS
SM
MD
LG