Линкови за пристапност

Во најновите напади во Ирак најмалку петтмина загинати - 2003-10-28


Ирачката полиција соопшти дека едно лице со автомобил се приближило на околу сто метри од местото каде се наоѓала полициска станица, средно училиште за момчиња и електроцентрала, и го детонирало експлозивот што се наоѓал во возилото.

Фалуџа е град на околу 65 километри западно од Багдад, област позната под името „триаголник на Суните“, што е упориште на лојалистите на Садам Хусеин.

Самоубиствените бомбашки напади не прекинуваат веќе втор ден по ред. Во четирите одвоени напади во Багдад вчера загинаа десетици лица, а беа повредени стотици – досега најголем црн биланс во текот на еден ден по завршувањето на поголемите борбени операции во Ирак на 1-ви мај годинава. Во три од нападите цел беа полициски станици, што станаа претпочитани цели на самоубиствените бомбаши.

Коалициони претставници велат дека терористите навидум целат на секого за кого се смета дека соработува со коалиционите сили.

XS
SM
MD
LG