Линкови за пристапност

Најнови вести, 27 октомври - 2003-10-27


Ирак – реакции на нападите

Претседателот Буш, реагирајќи на денешните бомбашки напади во Ирак, рече дека што повеќе успеси САД постигнуваат на теренот, толку повеќе ќе бидат цели на напади. Претседателот Буш ова го изјави во Белата куќа, на средбата со главниот американски администратор во Ирак Пол Бремер. Г-динот Буш рече дека во Ирак има терористи кои се подготвени да убијат секого, но мнозинството Ирачани се противат на тероризмот. Тој и г-динот Бремер изјавија дека има добри и лоши денови, но дека добрите денови се повеќе на број. Изјавите уследија по серијата бомбашки напади што денеска го потресоа Багдад.

Русија - апсење

Рускиот претседател Владимир Путин денеска упати смирувачки апел, по турбуленциите на финансиските берзи во земјата, како резултат на аспењето на нафтениот магнат Михаил Кодорковски. Г-динот Путин рече дека не планира средба со главните бизнисмени, на која би се разговарало за притворањето на г-динот Кодорковски во саботата, кој раководи со големата руска нафтена комапнија Јукос, од обвиненија за измама и даночно затајување. Компанијата Јукос вели дека обвиненијата се апсурдни и политички мотивиран напад врз 40-годишниот милијардер. Г-динот Кодорковски се верува дека станал цел на Кремљ поради поддршката на две опозициони либерални партии, во пресрет на парламентарните избори во Русија на 7 декември.

Израел-населби

Израел вели дека ќе обезбеди владини услуги и безбедност за нелегалните еврејски населби на Западниот брег. Израелската Влада претходно вети дека ќе ги отстрани овие населби, во рамките на меѓународната мапа кон мирот. Во писмото од висок претставник на Министерството за одбрана се прецизира дека Владата сепак нема да обезбеди електрилна енергија, вода, училишен автобуски превоз и безбедносна ограда за осум помали населби. Владините претставник вели дека одлуката не значи легализирање на населбите ниту нивно признавање како постојани. Палестинските претставници коментираат дека одлуката покажува оти Израел сака ја ја прошири окупацијата на палестинската територија.

Иран-нуклеарна програма

Европски претставници го брифираа главниот инспектор за нуклеарно оружје на ОН во врска со минатонеделната одлука на Иран за суспендирање на програмата за збогатување на ураниумот. Министрите за надворешни работи на Британија, Франција и Германија денеска во Брисел разговараа со шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед ел Барадеи. Тие му соопштија детали од нивните разговори во Техеран и за иранската согласност за позачестени инепскеции на нуклеарната програма. Итачијанскиот министер за надворешни работи, кој присуствуваше на средбите како претставник на ЕУ изјави дека сега г-динот Ел Барадеи треба да оцени дали Иран ги исполнува обврските. Владата во Техеран вели дека ги разгледува начините за суспендирање на програмата за збогатување на ураниумот, но дека се уште не го сторила тоа.

Кина - депортација

Кина го депортираше кинеско-американскиот бизнис консултант обвинерт за кражба на државни тајни, откако претходно му беше намалена затворската казна. Ослободувањето на 68-годишниот Фонг Фуминг се слуќи една недела по средбата на претедателот Буш со кинескиот лидер Ху Џинтао на Тајланд. Кинеската официјална новинска агенција Ксинхуа јави дека казната на г-динот Фонг била намалена поради неговото добро однесување во затворот. Г-динот Фонг кој е натирализиран американски државјанин и работи во областа на енергетската индустрија, во март 2002 година беше осуден на пет години затвор откако кинеската Влада соопшти дека тој нелегално набавил владини документи и поткупувал државни службеници.

Нигерија –детска парализа

Светската здравствена организација предупредува дека престанувањето со процесот на вакцинација против детска парализа во Нигерија би можело да предизвика ширење на болеста во соседните земји. Ова предупредување уследи откако три држави со доминантно муслиманско население во северна Нигерија запреа со програмата за вакцинација, откако исламскиот лидер рече дека вакцините би можеле да содржат вирус на СИДА или лекови против-плодност. Светската здравствена организација вели дека во Нигерија сега има најголем број случаи на детска парализа во светот-околу 200 и тој број е во пораст. Минатата недела, СЗО започна со амбициозна програма за вакцинирање на 15 милиони деца во неколку земји кои се граничат со Нигерија, за да се спречат идни епидемии.

XS
SM
MD
LG