Линкови за пристапност

Во Калифорнија се шират шумските пожари - 2003-10-27


Десетици илјади домови и натаму се во опасност во Ранчо Кукамонга, источно од Лос Анѓелес, а силните ветрови и сувото време предизвикаа избувнување на нови пожари низ регионот. Како резултат на претрпените трауми, двајца постари жители починаа од срцев напад во општината Сан Бернандино, на 80 километри источно од Лос Анѓелес. Властите потврдија најмалку 11 смртни случаи поврзани со пожарите јужно од Сан Диего.

Најголемиот пожар, во близина на Сан Диего, до синоќа зафати 36 илјади хектари, поради што беше евакуиран и контролниот центар за воздушен сообраќај во чија надлежност се сите летови на авионите од овој регион. Претставници на федералната авијација ги префрлија контролните операции во радарскиот објект во близина на Лос Анѓелес, но на меѓународниот аеродром во Лос Анѓелес бројот на пристигнувања беше преполовен. Погодени беа и регионалните аеродроми. Тоа предизвика и забавување на авиосообраќајот низ целата земја.

XS
SM
MD
LG