Линкови за пристапност

Одбележана првата годишнина од заложничката драма во московскиот театар Дубровка - 2003-10-23


Русите ја одбележуваат првата годишнина од заложничката драма во театарот Дубравка од страна на чеченските бнтовници, при што загинаа 130 лице. Пред театарот денеска бил откриен споменик посветен на жртвите.

Учесниците во заложничката драма и членовите на семесјтвата на жртвите го посетија новиот 10-метарски гранитен споменик за да положат цвеќе, да запалат свеќи и да постават фотографии во неговото подножје. Над споменикот се надвиснуваат три жерави, симбол на жалост во Русија.

Недалеку од ова место, на ѕидот пред театарот е поставена плоча на која се испишани имињата на над 100 заложници кои загинаа во опсадата, во најголем дел од гасот што го употребија руските специјални сили за напад врз зградата и за ослободување на заложниците.

Сите Чеченци загинаа на лице место.

Неодамна рускиот претседател Владимир Путин ги оспори критиките дека владата е виновна за жртвите. Тој рече дека гасот бил безопасен и дека жртвите починале поради ослоабениот имунитет и стресот, како резултат на тридневната драма. Но оваа жена чија сестра е меѓу загинатите е засегната ова тврдење. Таа се грижи за синот на сестра и бара од владата да каже колкаво количество смртоносен гас е користено или зошто лекарите не биле информирани за тоа што треба да очекуваат.

Таа вели дека има само едно прашање: како се осмелиле да употребат ваков ужасен гас? Доколку таму биле градначалникот на Москва Јури Лужков или ќерките на претседателот Путин, таа прашува дали во тој случај би бил употребен таков гас?

Но другите, како што е оваа жена, чија ќерка е една од двајцата заложници што вооружените Чеченци ги застрелаа имаат многу попомирливи ставови.

Говорејќи низ солзи, мајката вели дека сака сите да живеат во мир и сака сите војни да завршат. Тоа е најважна работа, вели таа.

Заложничката криза во Дубровка повторно го провлече меѓународното внимание на конфликтот во Чеченија, каде руските сили веќе 9 години се борат со сепаратистичките бунтовници.

Бунтовниците велат дека се борат за независност. Но претседателот Путин рече дека тие се поврзани со мрежата на Осама бин Ладен, Ал Каида и не се ниту друго освен терористи.

Претседателот Путин не присуствуваше на денешната церемонија пред театарот, но говореше за тоа, на отворањето на првата руска воена база во Централна Азија, по падот на комунизмот.

Претседателот Путин вели дека трагедијата во театарот Дубровка остави дладоки траги кои долго време нема да бидат залечени. Тој исто така апелираше за натамиошна внимателност од тероризмот.

XS
SM
MD
LG