Линкови за пристапност

Започна донаторската конференција за Ира - 2003-10-23


И натаму има поделба во меѓународната заедница за големината на придонесот за обнова на Ирак. Земјите како Франција тврдат дека меѓународните напори за реконструкција треба да започнат кога Ирак ќе го поврати суверенитетот од окупационите сили предводени од САД.

Но господинот Анан се спротивстави на оваа позиција, велејќи дека натамошните расправии меѓу САД и нивните сојузници од една страна и државите како Франција, Германија и Русија, од друга страна, може само да доведат кон поголемо страдање на ирачкиот народ.

„Знам дека сакаме колку што е можно побрзо воспоставување на суверена ирачка влада, но почетокот на реконструкцијата не може да се одлага до тој ден. Потребно е итно да посветиме внимание. Апелирам до донаторите великодушно да даваат и да бидат обезбедени додатни средства на веќе постоечките заложби“, истакна тој.

САД и домаќинот Шпанија внимателно избегнаа да кажат дека сумата што се бара ќе биде ветена на конференцијата. Но, во извештајот на Светската банка се проценува дека се потребни над 36 милјарди долари за реконструкција на Ирак во следните четири години. Во извештајот на привремената влада на коалицијата предводена од САД се вели дека ќе бидат потребни уште 19 милијарди долари за други сектори, како што е обезбедувањето, што не е содржано во извештајот на Светската банка.

На паралелна конференција во Мадрид учествуваат над 300 компании од целиот свет, но многу набљудувачи велат дека не може да се очекува во Ирак да почне да влегува приватен капитал додека постои нестабилност.

XS
SM
MD
LG