Претседателот Буш беше дочекан со протести во и надвор од зградата на австралискиот парламент. И илјадници луѓе се собрале за го изразат своето незадовослство заради вмешаноста на Австралија во инвазијата на Ирак.
Една од поплаките на демонстрантите е поради американското притворање на австралиските граѓани Мамду Хабиб и Дејвид Хикс во американската воена база во заливот Гвантанамо во Куба.
Двајца австралиски законодавци беа замолени да ја напуштат собраниската сала заради упади во обраќањето на г-динот Буш, протестирајќи за притвотањето на двајцата австралиски државјани.
Пред неговиот говор, американскиот претседател на австралискиот премиер Џон Хауард му кажал оти обвинувањата дека овие две лица биле измачувани се неточни.
„Со премиерот разговаравме за процедурите и го убедив дека кон овие лица ќе се постапува на начин кој се совпаѓа со нашите правила и регулативи“, рече г-динот Буш.
Еден од сенаторите кои мораа да ја напуштат собраниската сала, Боб Браун од Партијата на зелените, го повика претседателот Буш да ги испрати двајцата притворени во Австралија, исто како што американските државјани заробени за време на борбата против тероризмот биле вратени во САД.