Линкови за пристапност

Гувернерот на Флорида Џеб Буш интервенираше во случајот Шајво - 2003-10-22


Лекарите почнаа повторно да ја хранат 39-годишната Тери Шајво, по шест дена, откако претходно го прекинаа овој процес кога судот донесе одлука во корист на барањето на нејзиниот сопруг да се дозволи госпоѓа Шајво да почине.

Гувернерот на Флорида Џеб Буш, брат на претседателот Џорџ Буш, интервенираше во овој случај во име на родителите на госпоѓа Шајво кои безуспешно се бореа во судниците во Флорида, нивната ќерка да се остави во живот.

Неделава, законодавното тело на Флорида донесе вонредна легислатива со која на гувернерот Буш му се дозволува да интервенира во овој случај. Судијата го одби барањето на сопругот Мајкл Шајво да ја поништи наредбата на гувернерот.

Случајот доби политичка конотација. Групите кои се залагаат за остарување на правото за живот демонстрираа во името на родителите на госпоѓа Шајво кои велат дека со интензивна терапија, состојбата на нивната ќерка може да се подобри. Многу лекари не се согласуваат со ова, велејќи дека нема надеж оти Тери Шајво некогаш ќе се опорави.

XS
SM
MD
LG