Линкови за пристапност

Кофи Анан има резерви по нацрт-резолуцијата за Ира - 2003-10-14


Ова е трета верзија на американската нацрт-резолуција за обнова на Ирак. Таа е многу слична на претходните две, што наидоа на силно противење. Американскиот амбасадор Џон Негропонте побара да се гласа за неа уште оваа недела.

Генералниот секретар Кофи Анан, кој гласно ги критикуваше претходните нацрт-предлози, овојпат говореше со извесен помирувачки тон. Но во изјавата за новинарите, господинот Анан не остави простор за сомневање дека се уште има резерви: „Очигледно дека актуелната резолуција не претставува голема промена во размислувањето на коалицијата. Меѓутоа, благодарен сум што зеле предвид некои од моите преокупации и се разбира дека ќе ја имплементирам секоја резолуција што може да ја усвои Советот“.

Господинот Анан изрази надеж дека ќе продолжи работата на резолуцијата во потрага по компромис што би го прифатило солидно мнозинство на членките на Советот.

Франција, Русија и Германија, кои искажаа забелешки на претходните нацрт-резолуции, вчера сугерираа дека се уште не се задоволни.

Рускиот амбасадор Сергеј Лавров кажа дека треба уште да се работи на формалниот предлог, за да добие широка поддршка.

„Ги цениме подобрувањата што се направени во резолуцијата, во структурата и суштината, и сметаме дека таа се движи во вистинска насока. Некои елементи што се клучни за успехот на дикусиите во Советот за безбедност не се многу јасни, дури некои од нив се малку двосмислени“.

Најновата верзија на резолуцијата предвидува ист редослед на настаните: најпрво изработка на устав, потоа избори, и на крај предавање на целосниот суверенитет во раце на Ирачаните.

Една од најзначајните промени е поставување на рок до 15 декември Ирачкиот владејачки совет да даде временска рамка за иразботка на уставот и одржување на изборите.

XS
SM
MD
LG