Линкови за пристапност

Експлозија пред турската мисија во Багдад - 2003-10-14


Автомобил-бомба денеска експлодира пред турската мисија во Багдад, при што загинал возачот на автомобилот, а неколку лица се повредени.

Според претставници на американската армија, возилото со експлозив пристигнало до главниот влез на добро обезбедената турска мисија во центарот на Багдад, по што експлодирало.

Амбулантни возила, американски хеликоптери и трупи веднаш се упатиле на местото на нападот, за да ги згрижат повредените и да го затворат пристапот до областа.

Минатата недела, турскиот Парламент гласаше за испраќање турски трупи во Ирак, кои ќе им се приклучат на коалиционите сили во земјата.

Оваа експлозија уследи по самоубиствениот бомбашки напад во неделата во хотелот Багдад во срцето на градот, при што загинаа 8 лица.

Претходно денеска, во светиот град Карбала се случила престрелка меѓу умерените и радикалните Шиити. Според извештаите, едно лице загинало, а околу двесетина се повредени. До судирот дошло кога околу 100 радикални Шиити се обиделе да ја преземат контролата врз два верски објекти во Карбала.

XS
SM
MD
LG