Линкови за пристапност

Негропонте:САД се надеваат дека Советот за безбедност брзо ќе ја усвои новата резолуција за Ира - 2003-10-14


Американскиот амбасадор Џон Неропонте сака Советот брзо да реагира на новата нацрт-резолуција.

„Очекуваме резолуцијата да биде усвоена некаде во текот на оваа недела“, истакна тој.

Итноста што ја бара Вашингтон е индикација на силната желба на САД да обезбедат поширока улога на ОН во Ирак пред донаторската конференција за оваа земја што подоцна месецов ќе се одржи во Мадрид.

Новата нацрт-резолуција на Ирачкиот владејачки совет му дава време до средината на декември да постави временски одредници за изработување на нов устав и план за организирање на избори.

Државниот секретар Колин Пауел има изјавено дека ќе бидат потребни потребни шест месеци Ирачаните да изработат нацрт-устав, како прв чекор кон избор на влада во Багдад. Членовите на Ирачкиот владејачки совет, именуван од САД, кажаа дека целиот процес би можел да трае две години.

Некои земји, предводени од Франција, бараат САД побргу да ја отстапи контролата во Ирак. Тие земји беа внимателни во реакцијата на новата нацрт-резолуција. Францускиот министер за надворешни работи кажа дека е потребно дополнително проучување. Руски официјални лица сугерираа дека ќе бидат потребни некои измени во нацртот.

Германскиот амбасадор во ОН, Гинтер Плугер ги цитираше забелешките на германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер, кој бешпе на средба со своите колеги од ЕУ во Луксембург.

„Министерот Фишер во Луксембург кажа дека по првото читање на резолуцијата, наликува дека таа е чекор во вистинската насока. Треба да провериме дали сите француско-германските амандмани се покриени со новата верзија“, рече тој.

Во средиште на несогласувањата е и давањето поголема улога на ОН во Ирак, исто како и на самите Ирачани.

Американскиот амбасадор Негропонте нагласи дека новата нацрт-резолуција и дозволува на коалицијата предводена од САД да ја задржи контролата врз одредни ирачки владини функции само привремено.

„Целта е да се направи секаков можен напор за на народот на Ирак и на привремената ирачка администрација да се вратат владините надлежности во првиот момент кога тоа ќе биде остварливо“, рече американскиот амбасадор Негропонте.

САД се надеваат дека Советот за безбедност ќе гласа по резолуцијата до крајот на неделата.

XS
SM
MD
LG