Линкови за пристапност

Продолжуваат насилствата во Ира - 2003-10-10


Американските војници, припадници на Првата вооружена дивизија биле нападнати ноќеска за време на рутинска патрола во главно шиитската населба Садр Сити во Багдад. Претставници на американската армија велат дека војниците западнале во заседа. Засега нема други детали.

Садр Сити вчера претпладне исто така беше сцена на напад со автомобил-бомба врз локалната полициска станица, при што загинаа 10 лица, вклучувајќи го и напаѓачот.

Исто така вчера, еден водник на шпанските воздухопловни сили бил застрелан пред својот дом.

Нападите се случија на денот кога се одбележуваат шест месеци од ослободувањето на Багдад од страна на коалицијата под американско раководство.

Американскиот амбасадор во Ирак Пол Бремер доцна вчера изјави дека се направени некои промени за зајакнување на безбедноста низ Багдад. Тој рече дека коалиционите сили ќе бидат прегрупирани за да се подобри нивната мобилност. Тој исто така нагласи дека ќе има и подобрувања во областа на собирањето разузнавачки информации.

XS
SM
MD
LG