Линкови за пристапност

Терористичкиот напад во Хаифа - 2003-10-09


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада

Во еден од најужасните терористички напади врз Израел во последниве месеци, на 4-ти октомври, палестински бомбаш самоубиeц усмрти 19 лица во ресторан во градот Хаифа. Притоа, многумина беа повредени. Меѓу нив имаше и Евреи и Арапи. Неколкумина од загинатите беа деца. Нападот се случи еден ден пред почетокот на Јом Кипур, најсветиот ден од годината за Евреите.

Палестинската терористичка група Исламски Џихад ја презеде одговорноста за бомбашшкиот напад. Покрај Хамас, Палестинскиот Исламски Џихад е една од најбруталните терористички групи кои оперираат на Блискиот Исток. Оваа група е определена за создавање на исламска палестинска држава и за уништување на Израел.

Палестинскиот Исламски Џихад добива финансиска помош од Иран и логистичка поддршка и прибежиште во Сирија. На 5-ти октомври, авионите на израелското воздухопловство бомбардираа терористички камп за обука во Сирија.

Претседателот Џорџ Буш беше еден од многуте светски лидери кои го осудија самоубиствениот бомбашки напад во Хаифа. Во телефонскиот разговор со израелскиот премиер Ариел Шарон, г-динот Буш подвлече дека Израел има право на самоодбрана.

„Израел не смее да чувствува ограничувања во однос на одбраната на својата земја. Меѓутоа, кажав дека е особено важно Израел да избегне ескалација и зголемување на тензииите при секоја акција што ќе ја преземе“, рече американскиот претседател.

Претседателот Буш ова го истакна пред повеќе од една година. Во говорот на 24-ти јуни 2002-ра, тој на светот му ја објасни американската политика кон Израел и Палестинците.

„Не сме се промениле. Обете страни треба да бидат одговорни за своите акции. За да има палестинска држава, Палестинската управа мора да се бори против теророт и мора да употреби секое неопходно средство во борбата против теророт“, порача тој.

Терористите се обидуваат да го запрат формирањето на палестинска држава, мирољубива држава, рече претседателот Буш. Палестинската управа мора да ги порази терористите.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG