Линкови за пристапност

Претседателот Буш започна кампања во одбрана на неговата политика во однос на Ира - 2003-10-09


Претседателот Буш вели дека САД мораат да останат инволвирани во Ирак. Обраќајќи се пред воен персонал во федералната држава Њу Хемшир, тој истакна дека во изминативе шест месеци, откако Садам Хусеин е симнат од властa, во Ирак е постигнат напредок.

Претседателот вели дека САД не можат да си заминат од Ирак во време кога постои натамошна терористичка закана. Зборувајќи денеска, кога од Ирак доаѓаат извештаи за нови жртви на насилство во Ирак, г-динот Буш истакна дека следбениците на Хусеин и терористите однадвор се обидуваат да ја тестираат американската решеност.

„Тие веруваат дека Америка ќе побегне од предизвикот, но погрешиле во тоа“, рече тој.

Давајќи на знаење дека постојат проблеми, г-динот Буш сепак подвлече дека е постигнат напредок. Тој рече дека луѓето треба да ја знаат вистинската приказна за тоа што се случува во Ирак.

„Ги обновуваме училиштата. Многу деца се враќаат назад на училиште. Повторно ги отвараме болниците. Илјадници деца сега се имунизираат“, истакна американскиот претседател.

Говорот беше дел од кампањата на Белата куќа да изгради поддршка за претседателската политика кон Ирак. Анкетите покажуваат дека меѓу Американците расте скептицизмот околу чинењето на воената операција во оваа земја, како во пари, така и во човечки животи.

XS
SM
MD
LG